Живот и Стил

Положбата во која спиете може да го загрози вашето здравје

Положбата во која спиете може да го загрози вашето здравје

Колку и да сте уморни, барањето на положба во која ви е најудобно да заспиете понекогаш одзема многу време. На крајот, заспивате во вообичаената омилена положба, но дали истата е најдобра за вас и вашето здравје?

Ако често се вртите за време на спиењето и сонот ви е испрекинат, можеби не ви одговара положбата во која спиете. Постојат 4 општопознати положби во кои повеќето луѓе спијат, а секоја од нив има свои предности и недостатоци.

Сепак, експертите воочиле дека постои една положба која се смета за најздрава.

Фетус поза
Ова е положба во која спијат повеќето жени, а според австралиската експертка Елина Винел – таа е најлоша. Винел тврди дека телото во оваа положба е цела ноќ во грч.

„Кога спиеме во оваа положба, ние му сигнализираме на нашиот нервен систем дека сме во некакво бегство, дека се бориме и дека не сме безбедни“, истакнува експертката, посочувајќи дека е подобро да изберете поотворена положба за белите дробови во која подлабоко ќе дишете.

Спиење на страна
Без разлика дали е на левата или на десната страна, оваа положба на телото е опишана како една од подобрите, а особено се препорачува употреба на дополнителна перница како странична потпора.

„Гледајќи од структурна, невролошка или мускулна перспектива, оваа положба е многу добра за вашите дишни патишта, но и за дигестивниот систем. Особено ако лежите на левата страна“, смета д-р Ерлих.

Спиење на стомак
Спиењето на стомак е најлошо. Спиејќи во оваа положба, вие вршите притисок на мускулите на главата, вратот, ги оптоварувате зглобовите, а исто така положбата му штети на долниот дел од грбот, сметаат експертите.

Спиењето на стомак исто така лошо делува и на дишниот систем, а многу веројатно е дека следното утро ќе се разбудите вкочанети, што ја зголемува можноста од болки во мускулите и зглобовите.

Спиење на грб
Многу експерти се согласни дека оваа положба е најздрава за човековото тело. Иако ретко кому му одговара оваа позиција на спиење, среќници се оние кои се навикнати да спијат на грб. Се препорачува вратот, главата и горниот дел од градите да бидат малку подигнати во оваа положба. Тоа овозможува најдобар одмор за рамената и грбот кои се напнати во текот на денот, а помага и за правилен проток на киселините во системот за варење.

извор:точка.ком.мк

To top