Модниот пакет што се влева во градот на светлината за време на модната недела обично има планирана гардероба за едномесечен маратон во модните метрополи, а во Париз особено се обидува да ги импресионира фотографите и публиката со скапи и впечатливи модни изданија.
Но, како изгледаат улиците на Париз во остатокот од годината? И, како навистина се облекуваат парижанките? Многу содржини се напишани за нивниот стил, во обид да се демистифицира што го прави нивниот начин на облекување толку посебен. Еден одличен инстаграм-профил ни покажа како навистина изгледаат парижанките секојдневно додека шетаат низ градот.