Радио Милева Среќни моменти

Ретка семејна фотографија: Водителката Александра за првпат ја покажа наследничката Сара (фото)

Ретка семејна фотографија: Водителката Александра за првпат ја покажа наследничката Сара (фото)

ТВ водителката Александра Пановска Илиевска стана препознатлива како водителка на кулинарското шоу „Брза Кујна“, но откако и заврши породилното таа им се врати на камерите, но како водителка на утринската програма на Канал 5 телевизија.

За Александра работните обврски почнуваат, но и завршуваат порано во текот на денот, па така има повеќе време за семејството и својатан ќеркичка Сара која неодамна наполни една година.

Во една прилика Александра изјави дека не се чувствува убаво што треба да ја остави и да почне со работа, но е задоволна што ја остава во рацете на баба и дедо на чување.

Деновиве, шармантната и позитивна мама објави ретка семејна фотографија каде е во природа заедно со сопругот и наследничката на која делумно за првпат и го откри лиценцето.

-Најважното нешто во светот е семејството и љубовта, пишува Александра.
Зарем има нешто поважно –нели?

Насмеани, позитивни,исполнети и среќни што го имаат најубавиот благослов!

фото:Инстаграм/Александра Пановска Илиевска

To top