Љубов и Секс

Со вакви мажи е тешко да се биде во брак, забележувајте ги деталите уште во врската

Со вакви мажи е тешко да се биде во брак, забележувајте ги деталите уште во врската

Брачната заедница подразбира верност, искреност, посветеност, подготвеност на компромиси и понекогаш ставање себе си на второ место.

Мажите кои ги немаат овие квалитети се тешки за соживот, а да не се лажеме, можеби луѓето се менуваат, но нема да ги сменат овие основни карактерни црти.

Ако го препознаете вашиот партнер во некој од овие типови, убаво размислете дали би сакале да бидете во брак со него.

Маж кој не ги признава грешките

Ако партнерот некогаш ве повредил некако, сте останале заедно, но тој никогаш не си ја признал грешката и не се покајал за направеното, тоа значи дека не му е гајле за вас.

Иако ви кажува дека сака да биде со вас, тој не покажува дека се грижи за вашето емотивно здравје, туку само не сака да биде сам.

Егоист

Во љубовта понекогаш треба да се ставиме себе си на второ место. Мажите кои се окупирани со себе и само со себе нема да забележат кога ви се најпотребни, а тоа значи дека нема да можете да се потпрете на нив, што е еден од основните столбови на бракот.

Измамник

Можеби е прекрасен за вас, но треба да го погледнете партнерот и како единка во општеството. Ако е превртлив со пријателите, недоверлив со семејството, ако би направил измами и трикови за да дојде до лесна заработка, тоа не е човек на кој може да сметате дека ќе гради заеднички живот со вас.

Можеби нема директно да ви наштети, но неговите измами може негативно да се одразат на вас како негова партнерка.

Мрзлив маж

Можеби во моментов нема работа, но што прави со тоа слободно време може многу да ви каже за човекот. Ако сега очекува некој друг да му направи јадење, да исчисти по дома и слично, што да очекувате кога ќе живеете заедно и евентуално ќе имате деца?

Забележете каков однос има кон работата и како го користи слободното време, тоа ќе ви даде многу одговори за тоа каков ќе биде како брачен партнер.

извор: Курир.мк

To top