Не е тајна дека на мажите им треба помалку време отколку на жените за да постигнат оргазам. Кога тоа ќе се случи, сексот најчесто завршува.
По ејакулација, мажите минуваат низ период во кој одредено време не можат да постигнат друга ејакулација. Тоа е нормално и варира кај секој маж, но постојат начини да го прекинете односот, односно оргазмот.
„Сексот не е линеарна ситуација, туку флуидна. Не мора секој пат да правите исти работи по редослед“, вели сексологот Керол Квин.
Освен тоа, способноста да издржите подолго не е клучно за сексуалното уживање на вашата партнерка.
Најдобри методи кои може да ги пробате ако сакате сексот подолго да трае:
1. Ритуал пред предигра
Мастурбирањето пред секс е еден од начините да добиете на време. Со користењето на време пред сексот воопшто да се случи си давате можност да издржите подолго со партнерката, советува Квин.
2. Секс играчки
Ако барате алат кој ќе ви помогне подолго да издржите во кревет, размислете за машки полов прстен. Нема да делува кај сите мажи, но експертите велат дека може да помогне да ја продолжи ерекцијата така што го ограничува протокот на крв низ него.
3. Стратешки променете ја позата
„Промената на поза е добар извор на дистракција“, вели Квин.
Всушност, колку е повеќе непознато, толку е подобро.
„На телото му е многу потешко да доживее оргазам во положба која не е испробана. Ако обично доживувате оргазам лежејќи, можеби ќе ви треба време да постигнете оргазам стоејќи. Тоа е поради начинот на кој вашето тело ја разбира својата положба во просторот. Промената на положба е одличен начин работите да останат забавни, а на вашето тело ќе му дадете време да го промени фокусот“, вели Квин.
4. Малку забавете
Добриот секс е маратон, а не спринт.
„Многу мажи брзаат во текот на сексуалниот однос. Побавното движење може повеќе да се чувствува, поинтимно е и попријатно, може да го олесни следењето на оргазмот што надоаѓа“, вели Квин.
Значи, ако сакате подолго да издржите во кревет, едноставно обидете се да забавите бидејќи сексот не е трка.
5. Пробајте еџинг техника
Еџинг техниката се состои во облик на контрола за оргазам каде се намалува стимулацијата непосредно пред да дојде до неизбежна ејакулација. Со други зборови, тоа значи дека самиот треба да забавите пред да стигнете до точката на врвно задоволство.
Според Квин, најдобро е сами да ја пробате оваа техника пред да ја внесете во спалната соба.
„Најдобриот начин за почеток на учење на оваа метода е во текот на мастурбација, кога навистина може да се концентрирате на физичките и сексуалните промени кои водат до оргазам“, советува сексологот.
извор: кајгана