Благодарение на интуицијата или острото око, овие хороскопски знаци први откриваат кога партнерот ги лаже.
Некои хороскопски знаци многу побрзо откриваат кога нешто не оди во врската.
Скорпиите се на прво место! Нивниот детективски ум воден од интуицијата е непогрешлив. Тие често донесуваат одлука само врз основа на нивната интуиција. Не им треба да ги докажуваат работите црно-на-бело, само стојат пред тебе и ти кажуваат. Тогаш партнерот останува во шок! Скорпијата го раскажува целиот филм како да е режисер.
Девиците, за разлика од Скорпиите, работите ги докажуваат практично, со докази. Немаат интуиција, но затоа нивниот ум е совршен. Девицата гледа сè, забележува и става сè во една мала папка. Ги толкува прецизно, ги обработува и потоа ја носи конечната одлука. Кога ќе го објави сознанието, ја става спротивната страна во мат позиција и ја остава без текст, вџашен, без никаков простор за маневрирање.
Риби – мајстори на големи емотивни длабочини, чувства, љубов. За разлика од Скорпијата и Девицата, тие ќе „надушкаат“ со срце! Во тоа се апсолутни победници. Имаат изразена интуиција, иако не до степенот на Скорпиите, кај Рибите нема практичност туку само чувство кое доаѓа од срцето. Тие застануваат, влегуваат во нивниот свет на недопирливи и неистражени длабочини и чекаат… го чекаат тоа длабоко и силно чувство што им кажува, т.е. потврдува сѐ што мислат и чувствуваат. Тие го напуштаат својот свет, со мирен тон и со голема тага во очите, му порачуваат на партнерот да продолжи сам.
извор: кајгана