Дали некогаш чувствувате „пеперутки во стомакот“ кога некој ви се допаѓа? Повеќето ја толкуваат оваа појава како сигурен знак дека наишле на „вистинската љубов“.
Од друга страна, психолозите велат дека токму спротивниот симптом е показател дека сме ја нашле сродната душа. Велат дека ако чувствувате мир и спокојство во присуство на личност која ви се допаѓа, тоа е знак дека сте запознале личност која е компатибилна со вас, бидејќи нема „аларм“ во вид на вознемиреност во стомакот на кој ве предупредува телото.
А што вели медицината?
Како и зошто се појавуваат „пеперутките во стомакот“? Најчесто ги чувствуваме кога флертуваме со некого, а колку и да се магични, тие всушност не се „чудо“, а за тоа говори и фактот дека всушност имаат научно објаснување. Од медицинска гледна точка, тоа е реакција на нашиот нервен систем.
Ендокринологот акушер-гинеколог Екатерина Шереметјева изјави дека чувството на „пеперутки во стомакот“, кои обично ги поврзуваме со заљубување, всушност е реакција на нервниот систем. Според специјалистот, оваа реакција е поврзана со зголемено ниво на хормони на радост – ендорфин, тестостерон, естроген, окситоцин, допамин, адреналин, серотонин и вазопресин.
„Овие хормони се создаваат не само поради надворешни фактори, туку можат да бидат предизвикани и од пријатните сеќавања. Сето тоа го зголемува протокот на крв во органите на абдоминалната празнина“, објасни Шереметјева. Заклучокот е дека ова необично чувство е само манифестација на нашите чувства, но дека не укажува на иднината на врската или врската што ја сакаме, ниту дека се работи за личност која е „вистинската“.
Во студија од 2010 година, научниците открија дека ни треба само петтина од секундата за да се „заљубиме“ во некого или нашиот мозок да почне да лачи хемикалии кои го произведуваат ова добро познато чувство на еуфорија и „пеперутки во стомакот“, како што се допамин, окситоцин и адреналин.
извор: Кајгана