Доколку вашите љубовни врски често завршуваат неславно и траат неколку месеци, можеби причината за тоа можете да ја побарате и во ѕвездите.
Иако односите меѓу двајца луѓе најчесто зависат од нивниот карактер, сепак астролозите сметаат дека и ѕвездите имаат улога во љубовта и врската.
Овие четири хороскопски знаци имаат најнеуспешни љубовни врски и најмалку среќа во љубовта:
Рак
На Раковите им е исклучително тешко да одржат врска и колку и да се трудат тие секогаш ќе завршат неславно. Не станува збор за тоа дека тие не сакаат нивната врска да успее, туку проблемот е во тоа што тие поголем дел од работите кои ги прават, ги прават непотребно и недоволно добро.
Девица
Девиците исто така имаат многу неуспешни врски, а причината за тоа често лежи во тоа што бараат совршенство кога станува збор за односите. Една грешка и тие веднаш почнуваат да го губат интересот за другата личност. Често не ја разликуваат привлечноста од љубовта, па и тоа е една од причините што не можат да обезбедат сериозна љубовна врска.
Бик
Биковите исто така тешко можат да бидат во долга врска. Иако се трудат, нивниот партнер често на крајот очекува многу повеќе од нив. Без оглед на тоа колку труд вложуваат, другата личност некако никогаш не е целосно задоволена. Едноставно нив љубовта не им оди од рака.
Шкорпија
Шкорпиите вообичаено носат одлуки за љубовта и врските без многу размислување. Тие сфаќаат дека нешто не е во ред, но не го кажуваат тоа, па се соочуваат со проблеми. Понекогаш и самите наоѓаат маани кај партнерите, ги гледаат само лошите работи во врската, а сметаат дека заслужуваат подобро. Шкорпиите имаат многу пропаднати врски затоа што се во постојана потрага по совршенство.
извор: точка.мк