Прославената кошаркарска НБА ѕвезда Владе Дивац го претепал поранешниот фудбалер Ниша Савељиќ на крајот на декември минатата година среде Белград, во ресторанот во сопственост на екс – кошаркарот Дејан Бодирога.
До судирот наводно дошло кога ќерката на НБА ѕвездата, Петра му се пожалила на својот татко дека неговиот пријател и праќа пораки преку Инстаграм преку кои отворено и се додворува.
Според добро упатени извори, Ниша и напишал на Петра дека пораснала, колку е убава и ја замолил да ја види. Знаејќи дека е пријател на нејзиниот татко, таа била во шок.
Таа веднаш му кажала на татко и сè и му ги покажала пораките. На Дивац му паднал мрак на очи, не очекувал такво нешто од човекот на кој финансиски му помогнал кога овој бил во неволја, а му најшол и сместување во Америка.
Очевидци тврдат дека Дивац и Савељиќ се нашле во ресторанот на исто така екс – кошаркарот Дејан Бодирога. Според нив, ситуацијата била во старт тензична. Дивац веднаш скокнал врз својот поранешен пријател. Паднале шлаканици, па Бодирога и келнерот притрчеле да ги разделат. Савељиќ се обидел да објасни дека немал лоша намера, но Владе воопшто не сакал ни да го сослуша. Му удрил уште една шлаканица и со навреди в лице го истуркал од ресторанот.
Савељиќ тврди дека пораките кои и ги праќал на ќерката на кошаркарот биле погрешно протолкувани и истакнува дека Дивац навистина му помогнал во животот:
„Многу ми е жал што дојде до вакво недоразбирање. Дивац и јас сме пријатели долги години. Знае каков сум и каков татко сум, но и каков маж. Жал ми е ако мојата намера беше погрешно сфатена“ – вели поранешниот фудбалер кој се’ уште не може да се опорави од шокот поради се’ што се случило.
Фото: Инстаграм принтскрин/divaccp/officialvladedivac/#nisasaveljic