Веројатно досега многупати сте прочитале кои работи треба да си ги кажувате секојдневно со партнерот, кои магични зборови можат да смират секаква расправија. Но, што е со работите кои никогаш не треба да си ги кажете или да ги слушнете од партнерот?
„Ти си луд/а“
Оваа реченица е пример за презир, експертите за односи од Институтот Готман ја нарекуваат една од четирите јавачи на апокалипсата. Со други зборови, оваа реченица е уништувач на врски.
Овој вид негативна комуникација е токсичен за секого.
„Што не е во ред со тебе?“
Прашање кое означува непочитување и презир.
„Тоа е најглупавото нешто што сум го слушнал/а“
Исклучително навредлива фраза која исто така покажува презир.
„Ај порасни!“
Претходно наведовме што велат од Институтот Готман за презирот како напад на карактер, кој се користи за утврдување морална супериорност. Оваа изјава исто така се вклопува во тоа.
„Затоа те оставил бившиот (бившата)“
Емоционалната интимност е главен дел од врската, па постои голема веројатност да бидеме ранливи споделувајќи проблеми, па и минати трауми со партнерот.
Но, ако тој ги користи за навреди, тоа е многу лош знак. Никогаш, под никои околности не треба да ставате сол на туѓа рана, само затоа што вие сте повредени. Довербата потоа тешко се стекнува.
„Немам време за ова“
Каменувањето е четвртиот јавач на апокалипсата, според Институтот Готман. Секој пат кога соговорникот се повлекува од интеракција, се исклучи или едноставно престане да одговара на партнерот тоа е каменување.
Каменувањето исто така се однесува на фрази дизајнирани да отфрлат и прекинат разговор.
„Не те поднесувам“
Уште еден пример на презир, кој е сигурен начин да го повредиш партнерот и да ја уништиш врската. Всушност, тоа е еден од најголемите показатели на развод.
„Кога комуницираме на ова ниво, навистина сме злобни“, вели д-р Џон Готман, експерти за односи.
„Јас работам цел ден, ти што правиш?“
Кој колку заработува или што работи не треба да влијае на вредноста на секој партнер. Таквите изјави сами по себе го обезвреднуваат другиот, додека погрешно ја перципираат или зголемуваат позицијата на оној другиот во врската.
извор: кајгана