Колку повеќе имате секс, толку ќе бидете поздрави, а во зависност од бројот на денови во текот на неделата кои ги поминувате во спалната соба, ќе имате помалку или повеќе здравствени предности.
Еднаш – Кога имате секс еднаш неделно, му помагате на вашето тело да ја намали телесната тежина. Со сексот го поттикнувате ослободувањето окситоцин, ги регулирате хормоните . Ќе спиете подобро и ќе бидете посвежи наутро. Кога имате повеќе енергија, може да имате и попродуктивно вежбање.
Два пати – Луѓето кои имаат секс двапати неделно имаат посилен имунолошки систем. За да ги држите сите болести далеку од вас, имајте секс 2 пати неделно. Тогаш кога ќе се разболите, имајте секс и почесто. Неверојатно е колку сексот помага.
Три пати – Работата на срцето се подобрува кога имате секс неколку пати неделно. Тоа е исто како да вежбате редовно. Вашите мускули и тонус ќе бидат пообликувани и поцврсти.
Четири пати – Ако имате секс четири пати во неделата ќе добиете беспрекорен тен. Ако често сте „зафатени“ во спалната соба, може да изгледате многу помладо, за време на сексот се произведува поголемо количество на колаген, кој ја спречува појавата на борите и пегите на кожата, велат лекарите од кралската болница во Единбург.
Петпати неделно – Редовен сексуален однос го подигнува општото ниво на енергија, нè прави оптимистични и креативни на сите полиња. Освен тоа, вашиот однос со партнерот ќе биде поквалитетен, вели д-р Фишер.
Шестпати неделно – Сексот нè прави попаметни. Подобрата циркулација значи дека мозокот работи подобро, а кога доживуваме оргазам, доживуваме и „експлозија“ на хормони од кои многу влијаат и на нашата интелектуална моќ на најдобар можен начин.
Седум пати неделно – Ако успеете ова да го изведете, секоја чест! Не дозволувате ниеден фактор да ви го попречи уживањето во животот. Редовниот секс го намалува нивото на стресот и го ублажува анксиозното пореметување кое е честа појава во денешно време, покажале истражувањата, а објаснувањата за тоа се кријат во зголеменото лачење ендофрин предизвикан од водењето љубов.
извор: попара.мк