Љубов и Секс

Пози кои експресно брзо ги топат: Уживајте во интимниот тренинг

Пози кои експресно брзо ги топат: Уживајте во интимниот тренинг

Сите знаеме дека акцијата во кревет е многу здрава, и физички и психички, но постојат пози кои трошат убедливо најмногу калории.

Значи, не само што ќе уживате во експлозија на страст додека имате секс во овие пози, туку ќе изгубите доста калории и на тој начин, , ќе направите сериозен тренинг.

Еве за кои секс пози станува збор.

Мисионерска

Грешите ако мислите дека најдобрите потези во сексот вклучуваат исклучиво комплицирани акробации од Карма Сутра. Ако двајцата сте подеднакво посветени, оваа „здодевна“ поза може да обезбеди вистински тренинг за централниот дел од телото.

– Мисионерската поза е многу потценета – вели сексуалната експертка Ребека Дакин од Британија. Оваа поза може да биде доста енергична, а стискањето на задникот може да биде одлично за затегнување на глутеусот. Партнерот кој е долу може да го насочи телото нагоре и на тој начин да ги вклучи стомачните мускули и да го користи глутеусот, така што и двајцата партнери да се движат заедно.

Кучешки стил

– Навистина можете да работите на вклучување на централниот дел од вашето тело во оваа поза – вели Ребека и додава:

– Внимавајте да го кренете задникот нагоре, а не дека мажот ја извршува целата работа. На тој начин ќе ги користите квадрицепсите и глутеусот.

Мост

Во поза на мостот, жената е свртена нагоре, користејќи ги двете раце и нозе за да ја одржи телесната тежина во воздухот. Оваа поза ги вклучува сите главни мускулни групи: бицепс, трицепс, стомачни мускули, глутеус, квадрицепс и листовите. Но, ве предупредуваме, не е лесно. Можеби прво треба да пробате со перници под грбот за да ви помогне да ја одржите тежината.

извор: попара.мк

To top