Раскинувањето во повеќето случаи е исклучително тешко, но добрата работа е што постојат методи кои можат да ви помогнат да се чувствувате подобро.
Психологот Гај Винч во својата книга „How to Fix a Broken Heart“ (Како да се поправи скршеното срце) откри дека раскинувањето многу влијае на нашата психа.
„Магнетната резонанца покажа дека раскинувањето може да се поистоветува со тешкотиите низ кои поминуваат зависниците кога се обидуваат да се ослободат од порокот. Имено, двете ситуации во човечкиот мозок ги активираат истите молекуларни ‘механизми’“, вели тој за Independent.
Поради ова, стануваме зависни од нашиот поранешен партнер и почнуваме да копнееме по него исто како што зависниците копнеат за дрога. Го идеализираме до тој степен што мислиме дека никој нема да може да го замени.
Винч наведе шест совети кои конечно ќе ви помогнат на здрав начин да ја преболите личноста што некогаш сте ја сакале:
Не проверувајте што прави на социјалните мрежи. Ова може само дополнително да ве вознемири.
Обидете се да размислите логично за причините за раскинувањето. Не правете заговори и не обидувајте се да го/ја повредите.
Помирете се со фактот дека ова едноставно не била личноста за вас.
Направете листа на ситуации во кои сте морале да направите компромис за да знаете што дефинитивно не сакате го повторите во следната врска.
„Натерајте се“ да се вратите на активностите кои порано ве правеле среќни. Важно е да воспоставите нова рутина за да продолжите со животот.
Отстранете сѐ што ве потсетува на болната врска. Тоа може да бидат писма, фотографии и слично.
Контактирајте со вашите пријатели и дозволете им да ви помогнат. Секој од нас се сретнал со овој проблем и можеме да понудиме совети кои сигурно ќе бидат корисни.
Извор: Кајгана