Љубов и Секс

3 знаци дека имате љубовна хемија со дотичниот

3 знаци дека имате љубовна хемија со дотичниот

Љубовната хемија се чувствува, иако често не можеме да ја објасниме со зборови, бидејќи е игра на хормони и емоции.

Генерално, љубовната хемија се раѓа помеѓу двајца кои имаат меѓусебна физичка привлечност, слични погледи на животот, вредности и уверувања.

Следните 3 знаци се сигурен доказ дека некому се допаѓате:

Насмевка што не може да се сокрие

Личноста која се разнежнува додека разговара со вас и ѝ годи вашето присуство секогаш има блажена насмевка на лицето. Ако сте забележале ваква насмевка од страна на оној кој вам ви се допаѓа, голема е веројатноста дека чувствата се заемни.

Се труди да оствари некаков физички контакт

Ако со својата рака ја допира вашата, ве гали по косата или случајно ве допира додека шетате, многу е можно дека оваа личност сака многу поблизок однос од она што сте го имале. Хемијата поттикнува две души да се спојат, нивната енергија да се вкрсти, а тоа ја зголемува желбата за физички контакт.

Ве гледа во очи додека разговарате

Велат очите се огледало на душата. Ако забележите дека во текот на разговорот личноста со погледот најмногу е фокусирана на вашите очи, голема е веројатноста дека кон вас негува симпатии и дека меѓу вас има љубовна хемија.

Извор: убавина и здравје

To top