Дали месецот во кој сте родени може да влијае на вашиот сексуален живот?
Астрологот Сузи Кер Рајт верува дека месецот на вашето раѓање има врска со тоа какви љубовниви сте и каков е вашиот сексуален живот.
Додека некои се поконзервативни, други се постојано расположени за експерименти, а Сузи Рајт верува дека тоа зависи од месецот во кој сте родени.
Дознајте дали има некаква врска помеѓу вашиот месец на раѓање и вашите сексуални преференции.
Јануари
Родените во јануари се малку поконзервативни кога станува збор за секс без обврски, но ако некој навистина им се допаѓа, ќе направат сѐ што е потребно за да го добијат. Јануарските знаци на зодијакот се едни од најразиграните во кревет, иако тоа не може да се каже гледајќи ги од страна. Сепак, во однос на силата на нивната љубов кон сексуалните експерименти, тие можат да се споредат само со родените во ноември.
Февруари
Родените во февруари се авантуристи. Тие се многу страсни, но за да се покаже оваа страст, треба да се работи напорно. Ќе треба да направите уште повеќе за да ја „вклучите“ емотивната компонента на сексот кај таквите луѓе – за нив можеби е најтешката работа. Не е дека тие воопшто не чувствуваат ништо, едноставно отворањето со друга личност, веднаш, дефинитивно не е за нив.
Март
Родените овој месец сакаат да поминуваат време во кревет и сексот игра важна улога во нивните животи. Во тоа ги вложуваат сите свои чувства и на партнерот му даваат сѐ што можат – за мартовците ова не е само физиологија, туку спој на две души.
Април
Родените во април имаат многу независен карактер и бидејќи се зближуваат со некого се подготвени да направат сѐ што можат за него. Сексот со маж роден во април ќе биде страстен, жежок, бурен и волшебен, бидејќи со нив владее Марс. Мора да се има на ум едно „но“: кога страста ќе помине, тие ќе почнат да бараат нов предмет на желба, наместо да се обидуваат да го разгорат стариот оган.
Мај
Родените овој месец ја ценат пред сѐ удобноста, сензуалноста и топлината во сексот. По правило, родените во мај не бркаат оргазам – за нив самиот процес е вреден за уживање. Ним им треба или лесна предигра, свеќи или свилени чаршафи или ништо – компромис во овој случај не е за нив.
Јуни
Ако излегувате со некој роден во јуни, бидете подготвени да ја испробате секоја сексуална поза што постои, бидејќи ќе сака да правите сѐ и сешто. Партнерот роден во јуни не е снаодлив како родените во јануари, но ако понудите, на пример, секси реплики, нема да одбие. Па, ако почнете да имате секс преку телефон, засекогаш ќе се заљуби во вас!
Јули
За личност родена во вториот месец од летото, сексот мора да има емотивна компонента. Прво, мора да се чувствува целосно безбедно со партнерот, да му верува 100%, дури тогаш е подготвена да проба нови работи во креветот, да експериментира со пози и места за секс. И ќе направи сѐ за да ја задоволи другата страна – бидејќи во сексот сака да дава повеќе отколку што зема.
Август
Тука има две опции: родените во август можат да бидат или неверојатно себични или подеднакво дарежливи. Во првата опција ќе си ги задоволи потребите, ќе се облече и ќе си замине, во втората нема да се смири додека не ја доведе партнерката до повеќекратен оргазам. Егото на личноста родена во август многу лесно се повредува, па мразат да им даваат инструкции во кревет.
Септември
Страсни по природа, но многу цврсто ги контролираат своите емоции – практично не можат брзо да се опуштат и веднаш да доживеат оргазам, потребно е време, понекогаш и многу време. Родените овој месец не се типови што имаат секс на првиот состанок, но ако тоа навистина им се допаѓа, тогаш за нив престануваат да постојат забраните и табуата во сексот.
Октомври
Сакаат да разговараат, а и пред првиот секс можат да зборуваат како ќе биде с ѐ и кој што ќе почувствува. Тие сакаат бавен, неизбрзан секс, па моментот трае вечно. Им недостига страст, но тоа го надополнуваат со убава, романтична предигра.
Ноември
Луѓето родени во ноември се живо олицетворение на она што се нарекува „див секс“. Тие знаат што сакаат, имаат тенденција потполно да го обземат партнерот. Ќе пробаат сè што може да се замисли во сексот.
Декември
Супер инвентивни во кревет, родените во декември сакаат да измислуваат сексуални сценарија и да започнуваат со игри со улоги. Сексот со нив е забавен и непредвидлив, но често е тешко да се воспостави подлабока и посилна врска.
извор: Кајгана