Себичноста е многу токсична карактеристика и може да уништи секаков однос. Ако сте забележале дека партнерот се однесува себично кон вас, тоа не е нешто што би требало да го занемарите. Нема да исчезне само по себе.
Ако се трудите да му ја исполните секоја желба, а тој не возвраќа со иста мера, важно е да ставите крај на тоа. Првиот чекор при соочување со себична личност во која сте вљубени е отворање очи и признавањето дека не го добивате тоа што го заслужувате.
Цврстата и здрава врска е слична на двонасочна улица, двајцата партнери мора да вложат еднакво за истата да успее.
Престанете да го оправдувате неговото однесување
Ако сте во врска со маж кој не води сметка за вашите потреби и секогаш на прво место ги става своите интереси, тогаш дефинитивно си имате работа со себичен партнер. Луѓето со нарцисоидна природа имаат тенденција себе да се постават на прво место и очекуваат другите да се чувствуваат лошо ако не ги исполнат нивните високи очекувања. Затоа е важно да престанете да го оправдувате ваквото однесување. Признајте си дека си имате работа со нарцис и себичен човек, дека не се однесува кон вас на начин што го заслужувате.
Нека се соочи со фактите
Кога ќе застанете пред себичен човек и му кажете каков е кон вас, многу е веројатно да одрече се што ќе кажете. Ќе биде шокиран од вашите обвинувања, па дури и ќе ја префрли вината на вас. Затоа, пред соочувањето вооружете се со факти кои не може да ги побие. Истакнете ги точните ситуации и моменти кога ја покажал својата себичност.
Поставете јасни услови
Ако сте сигурни дека партнерот се однесува себично и решени сте повеќе тоа да не го трпите тоа, важно е да поставите јасни услови за врската да успее. Мора да му кажете што е прифатливо за вас, а што не. Кое однесување ќе го толерирате, а кое не.
Кажете му што очекувате од него и истакнете ги правилата кои мора да ги почитува.
Тој веројатно ќе се обиде да продолжи по негово, но во тој случај покажете му дека сте подготвени да ставите и крај на врската, па оставете самиот да одлучи што сака.
извор: Кајгана