Откако пошироката јавност дозна за младата, убава и атрактивна сопруга на познатиот и признат инфектолог, др. Вело Марковски, таа, нивниот брак и семејствоте се постојано е во фокусот на вниманието.
Но убавата, шармантна сопруга покажува не само дека е убавица за на насловница, туку и вистинска дама, оддана сопруга и секако грижлива и посветена мајка.
Особено последнава година кога на свет дојде и нивното второ дете, поточно девојче кое брачната двојка Марковски го доби токму на 01 јануари 2021 година.
Дека семејството и децата се универзумот околу кој се вртат нивните животи и повозрасниот татко и младата мајка покажуваат во секоја прилика…
„Тој ми е најголемата поддршка, но и најголем критичар“, ќе изјави еднаш Евгенија, но и ќе додаде дека нејзиниот сопруг во многу што и помага во подигањето на децата, знае да и даде комплимент кога нешто му се допаѓа и верува во неа, што според неа, е најважно за една врска“!
Евгенија пак која беспрекорно изгледа, не крие дека децата и се меѓу останатотото и најдобри другари. Токму последните фотографии со нив, покажуваат дека како и на секој посветен родител, тие и се целиот нејзин живот.
Ќеркичката која на најновата фотографија Евгенија ја држи в раце со почетокот на 2022 година ја наполни првата годинка од животот.
Синчето пак, со кое се сликала во своите прегратки крај домашниот камин, е веќе пораснато во големо момченце.
Очигледно и покрај разликата во годините Евгенија и др. Вело се најдобриот пример дека љубовта години не брои, а возрасната разлика не е ниту пречка, ниту граница една врска беспрекорно да функционира.
Можеби токму заради тоа што денес се чувствува комплетно исполнета и реализирана и како жена, сопруга, мајка… во секој поглед, Евгенија своето чувство на задоволство јавно го споделила на својата Инстаграм страница! Или како што еднаш самата ќе изјави, цитирајќи ја познатата Опра Винфри: „Најголемата авантура што можете да ја доживеете е да го живеете животот од вашите соништа“!
Евгенија очигледно покрај своето семејство го живее… Како што самата напишала: Секогаш и засекогаш!
Фото: Инстаграм принтскрин/evgenija.markovska