Иако на прв поглед изгледа дека се е во ред, понекогаш внатрешното чувство ни кажува дека врската со саканата личност е разнишана и дека нашата емотивна врска паднала во криза.
Анксиозноста во врската е реална и се случува дури и кај најдобрите од нас.
Кога го имате ова чувство, обично се случува една од двете работи – или избирате расправија за да се ослободите од лошите чувства или замолчувате и се повлекувате и кревате ѕид за да се обидете да се заштитите.
Ниту една од овие работи не помага, но речиси секогаш нè прави да се чувствуваме полошо.
Психотерапевтката Кетрин Шафлер тврди дека за да се подобри врската потребно е да се постават четири прашања кои секогаш влијаат на суштината за решавање на конфликтот.
Секоја вознемиреност што некогаш сме ја имале за која било врска и личност, а особено онаа со партнерот, е поврзана со одговорот на едно од овие прашања.
1. Дали ме гледаш?
Сите сакаме да нè гледаат другите со кои сме во контакт, а особено нашиот партнер. Но, навистина да нè видат.
Не е тоа што гледате во нас, а всушност преку нас размислувате за сè освен за личноста со која разговарате. Ако личноста со која сме во врска не може да погледне и да нè види, никогаш нема да има подлабока врска. Ако тој е фокусиран на нас, тогаш ќе можеме да го решиме и конфликтот.
2. Дали ти е гајле што јас сум овде?
Тоа е ситуација кога партнерите излегуваат на вечера и двајцата гледаат во своите мобилни телефони.
Зошто воопшто се потрудиле да излезат заедно? Зошто да не одите сами на вечера?
Ако сте во врска со некого, тој не само што треба да забележи дека сте таму, туку и да ви се посветат и да комуницираат со вас. Ако тоа не е случај, тогаш секој може да оди по својот пат.
3. Дали ме прифаќаш таков каков што сум или треба да се променам?
Има многу работи за кои можете да бидете загрижени во врската. Еден од нив е дали сте доволно добри со партнерот со кој сте.
Го препознавате тој израз на разочарување во очите на партнерот, или немир и незадоволство, чувствувате гадење поради тоа, и често не ни разбирате зошто.
Потребно е отворено да се праша другата страна и да се чека одговор. Ако не сме целосно прифатени и сакани такви какви што сме, тогаш треба да сфатиме дека таа личност не е за нас и да ја прекинеме врската.
4. Можеш ли да кажеш дека сум ти посебен на некој начин?
Нема ништо поубаво од тоа некој да те гледа со очи полни љубов. Што е тоа што ни дава до знаење дека личноста која нè гледа нè сака?
Искрата во нејзините очи, но и насмевката која ѝ се собира во аглите на очите. Секој од нас има потреба да биде посебен за нешто за нашиот партнер, па дури и за нашите пријатели. Ако не, тогаш врската е бесмислена.
извор: попара.мк