Вечно прашање е што е тоа што го прави некој добар во кревет, како и дали сме навистина добри или пак можеме да ја поправиме техниката и да го надополниме знаењето.
Добрата хигиена, техниката на водење љубов, карактерот и хемијата меѓу двајца луѓе се важен фактор, но сексуалната интимност поради која сексот станува фантастичен е многу повеќе од тоа.
Сексуалната интимност меѓу двајца луѓе расте со заедничкото искуство, разговор, работата на себе и добриот заемен однос. Сексот првенствено е во главата, а за да биде добар најважна е хемијата меѓу двајца луѓе, но и овие 10 квалитети:
1. Сакате да учите.
2. Разиграни сте и страсни.
3. Покрај вас партнерот се чувствува секси.
4. Самоуверени сте и не се плашите да ја покажете вашата нежна страна.
5. Авантуристички сте расположени и сакате да експериментирате.
6. Разговарате за вашите потреби, но слушате што сака партнерот.
7. Секогаш одвојувате време за уживање и не брзате во сексот.
8. Уживате да давате и примате задоволство.
9. Давате поддршка и не осудувате.
10. Целосно сте фокусирани во текот на сексот.
Извор: Кајгана