Иако звучи чудно што разводите можат да се поврзат со месеците во годината, статистиката покажува дека врската меѓу нив и тоа како постои.
Можеби не сте размислувале за тоа, но времето на празниците може да влијае на вашето размислување, да ве поттикне да го преиспитате односот со брачниот другар, но и да ги одложите тие одлуки за подоцна.
Врз основа на анализите, експертите откриле дека најголем број разводи се случуваат во текот на јануари, но и зошто е тоа така.
Дошле до заклучок дека тоа е затоа што луѓето избегнуваат да започнуваат болни теми и да носат големи одлуки за време на празниците.
Луѓето се понесени од празничната еуфорија и потоа сите проблеми во бракот и семејството ги оставаат за подоцна, а кога ќе дојде јануари полека на површина излегува сето она што ги мачело за време на празниците.
– Празниците се период кога емоциите се издигнуваат на повисоко ниво, па ако сте несреќни во бракот или сте лути на партнерот, овој период може да биде пресвртница – вели адвокатот за развод Џејмс Гроза.
Од друга страна, многу луѓе во декември стануваат маѓепсани од украсите, светилките, потпаѓаат под влијание на прекрасната, магична празнична музика, толку многу што веруваат дека се може да се сврти и да се подобри. За жал, штом поминат празниците се уверуваат дека биле во право уште пред празниците.
извор: попара.мк