Партнерските односи се индивидуална работа, но постојат некои особини кои се заеднички за речиси сите врски.
Љубовниот однос зависи од самите личности, нивните очекувања и волјата да работат на себе и својата врска.
Бидејќи сите тежнеат да бидат во здрава врска, а многумина не знаат што всушност таа подразбира, терапевтите и психолозите се согласни дека сите добри и здрави врски имаат заеднички карактеристики.
Ова се некои од нив:
Го кажувате она што го мислите
Врската ќе биде здрава доколку вие немате проблем да бидете она што сте и во согласност со тоа и да се изразувате. Тоа значи дека нема забранети теми и вашиот партнер ве слуша кога нешто зборувате.
Доследната комуникација е клучна за изградба на траен заеднички живот и е една од најисправните карактеристики на здрава врска.
Имате свој личен простор и време
Само затоа што сте заљубени, не значи дека секој момент мора да го поминете заедно. Одвојте време за остварување на сопствените интереси и пријателства. Тоа го опишува вашиот однос и ви дава прилика да растете како поединци – дури и кога растете како пар.
Имате конструктивни расправи
Една од најголемите разлики помеѓу здравите и нездравите врски не е во тоа дали парот се расправа или не, туку начинот на кој се расправаат луѓето во врската. Несогласувањата се нормални, но доколку ги нема, голема е веројатноста дека се воздржувате.
Но, кога две лица во врска се расправаат, конструктивно и фер и избегнуваат навреди и омаловажувања, тоа значи дека имаат здрав однос. Тоа значи дека се обидувате да го разберете својот партнер, а не да освоите поени по секоја кавга. Кога ќе погрешите, извинете се.
Ви се допаѓа вашиот однос
Здравите односи се темелат на реалноста. Веројатно вашиот однос нема одеднаш да се подобри доколку добиете на лотарија, добиете дете или се вселите во домот од соништата. Затоа немојте да го темелите своето партнерство во надеж дека нешто ќе се промени во односот.
кар
Сфатете дека не сте совршени, но не е ни вашиот партнер, прифатете се и ценете се едни со други поради тоа што сте моментално, а не поради она што би можеле да бидете.
Заедно донесувате одлуки
Уште една клучна карактеристика на здравите врски е вие да не одлучувате сами за сè, како ниту вашиот партнер.
Од тоа кој филм ќе го гледате до тоа колку деца ќе имате, заедно носете ги одлуките и сослушајте ги желбите и грижите на партнерот.
извор: точка.мк