Сексот никогаш не треба да биде табу тема. Постојат разлики меѓу добар и лош секс, што е секси, а што, зошто се случува да плачеме по водење љубов и слични работи кои треба да ги знаете за сексот.
1. Секс со пријател
Можно е повремено да спиете со пријател, без тоа да се претвори во голема работа. Не е лесно да се оствари пријателски секс, без да бидат вмешани чувствата, но има луѓе кај кои функционира тоа.
2. Сексот не е секогаш секси
Некогаш сексот е непријатен, некогаш е лут, може да биде секаков. Лесно е да го имитирате тоа што сте го виделе во порно, но вистинскиот предизвик е сексот да го направите личен и уникатен за партнерот.
3. Секс и солзи
Понекогаш ќе бидете преплавени со емоции и во текот на сексот или по него, ќе посакате да плачете. Тоа е сосема во ред, нормално е.
4. Лош секс постои и остава трауми
Постојат сексуални искуства кои оставаат гадна трага, а повеќето исчезнуваат додека не почнете да спиете со некој друг. Најдобриот лек за лошо сексуално искуство е доброто искуство.
5. Потенцијалните партнери се насекаде околу вас
Околу вас има луѓе кои би сакале да имаат секс со вас и тоа повеќе отколку што вие си мислите. Ако се двоумите пробајте да замислите колкумина од нив би сакале да ве видат гола.
6. Без долги паузи
Иако може да направите пауза од сексот, тоа нека не биде предолга. Во спротивно, ризикувате оправдано да се ужасувате од секс. Помислата да доживеете таков вид интимност со некој, одеднаш, е целосно морничава и не можете да сфатите како тоа некогаш сте го направиле.
И така, шест месеци без секс може да се претворат во две години целибат.
7. Првиот секс
Невиноста не мора да ја изгубите со некој кој ви значи нешто, не мора да го сакате. И тоа е во ред. Навистина не треба да биде важен во вашиот живот ако сте решиле со него само да ви биде првиот пат.
Првиот пат не мора да биде непријатен, многу зависи и од искуството на партнерот.
Исто така, можно е да имате и многу добар секс со некого, да го сакате тој однос, да се сложувате во повеќето ставови, но сепак никогаш да не посакате да ве видат заедно во јавност.
извор Kajгана