Дивна Карлеуша почина на 3 март 2019 година по борбата со опасната болест. Нејзината ќерка Дивна Карлеуша одвреме – навреме на социјалните мрежи знае да сподели спомени од нејзината мајка.
Јелена многу тешко ја поднесе загубата на Дивна со која беше посебно поврзана.
Овој пат, пејачката на својот „Инстаграм“ видео кое настанало за време на лекувањето на Дивна во една приватна клиника, а во видеото ја додаде песната „Један дан, једна ноч“ од Дино Мерлин.
На снимката Дивна носи зелена марама, се смее додека гледа во камерата.
Иако снимката настанала кога Дивна се лекувала од карцином, таа не го загуби својот ведар дух и позитивна енергија, а многумина и се восхитуваа поради тоа.
Инаку, Јелена ја водеше Дивна во сите приватни клиники. Пејачката заедно со нејзината мајка се бореше против болеста, но за жал Дивна ја загуби битката.
-Јас речиси една година носев перика бидејќи од стрес ми опадна косата. Тоа не се знаеше. Нема пострашна работа кога некој како мене се бори во секоја ситуација, не може да го спаси некој кој најмногу го сака. Таа ми се испушти низ раце и не можев да ја спасам, изјави Јелена во една прилика.
фото: Дамир Дервишагиќ/инстаграм/карлеуша стар