Пејачот Александар Цветковиќ, фронтмен на групата „Тропико бенд“ и пејачката Јована Пајиќ решија да стават точка на бракот.
По десет години брак, Сале и Јована решија да започнат процес на развод, а веќе неколку години нивната врска е на „стаклени нозе“.
Јована најпрвин не одговарала на новинарските повици, туку само со СМС-порака одговорила:
„Точно е дека јас и Саша донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак. Ќе останеме пријатели и ќе бидеме, како и досега, посветени на заедничкото одгледување на децата. Разводот е во тек и поради мирното воспитување на нашите девојчиња барам медиумите да ни ја обезбедат потребната приватност“ – порачала Јована за „Блиц“.
Фото: Инстаграм принтскрин/jovana___pajic