Љубов и Секс

Дамите открија колку минути треба да трае сексуалниот однос – ова е магичниот број

Дамите открија колку минути треба да трае сексуалниот однос – ова е магичниот број

Неколку студии заклучиле дека кај поголем дел од паровите сексот трае меѓу пет и осум минути, не вклучувајќи ја предиграта која е важна за целосно сексуално задоволство.

Со оглед на денешниот брз ритам на живот не е ниту чудно што уживањето во интимните односи и поминување време со партнерот се сведува на неколку минути, но новите податоци на паровите треба да ги мотивираат да разменуваат нежност и сексуални односи со саканата личност, а тоа да не биде само „механичка работа и брза акција“.

За да бидете целосно задоволени и максимално да уживате во сексот, жените сакаат самиот сексуален чин да трае подолго.

Колку?

Истражување на списанието „Journal of Sex Research“ открило дека жените прво сакаат предигра која ќе трае од 11 до 13 минути и потоа 14 до 16 минути сексуален однос од моментот на пенетрација.

Тоа би значело дека вкупниот секс со предигра треба да трае од 25 до 30 минути.

„Секогаш ги поттикнуваме паровите да уживаат што подолго во предиграта пред самиот чин на секс. Колку повеќе предигра, толку возбудувањето ќе биде поголемо и полесно ќе се постигне оргазам“, советува Жан Кернер, сексуален и брачен терапевт.

извор: точка.мк

To top