Праќањето секси пораки и фотографии кога ќе ви текне се смета за невкусно однесување, пред да ја пратите пораката добро е да се осигурате дека е вистинско време за тоа
Во продолжение проследете ги правилата за добро однесување во сексот што ќе ви помогнат да направите разлика помеѓу отменото и невкусното однесување:
1. На прашањето „Колку љубовници сте имале?“ можете да одговорите така што ќе нагласите дека минатото и бројот не ви значат ништо, туку дека сте заинтересирани само за иднината.
Невкусно е да бидете навредени што воопшто ви го поставиле ова прашање и да си заминете само затоа што се чувствувате под притисок.
2. Пред да почнете да испраќате „жешки пораки“ добро би било да проверите дали е вистинско време за тоа (дали партнерот е со друштво/колеги и сл.) и не го фотографирајте лицето.
3. Ако партнерот побара да ги избришете добиените фотографии – тоа треба да го направите веднаш.
4. Покажувањето на добиените фотографии на други луѓе е крајно невкусно.
5. Кога имате „секс за една ноќ“ ако не сте го запомниле името на сексуалниот партнер, добро е да си премолчите.
6. Иако имате само „секс за една ноќ“ и не планирате повеќе да се видите, почекајте барем 15 минути по завршувањето на чинот, пред да си заминете.
7. Невкусно е да претпоставите дека можете да останете цела ноќ и да одбивате да си заминете, кога партнерот тоа јасно ви го дава до знаење.
8. Освен за личната хигиена, добро е да обрнете внимание и на чистината на постелнината и просторијата. Просторијата со расфрлана облека, полните пепелници, празниот ладилник, расфрланите ситници во собата, нечистата постелнина, но и лошата лична хигиена оставаат лош впечаток и се невкусни.
9. Воопшто не е културно пијани да се јавувате и да барате секс, но ако сте подготвени да се јавите, сепак треба да бидете сигурни дека на партнерот тоа нема да му пречи. Немојте да бидете упорни.
10. Невкусно е ненајавено да се појавите под дејство на алкохол, среде ноќ, во домот на партнерот и да барате секс без да обрнете внимание на можностите и дали ќе го засрамите партнерот.
11. Редовното користење кондоми треба да ви биде нормално и не треба да го барате спротивното, доколку не сте во сериозна врска.
12. Невкусно е да одбивате да носите заштита, да лажете за сопственото сексуално здравје, намерно неправилно да ја користите заштитата и слично.
13. По искористувањето, кондомот треба да го фрлите во канта за отпадоци, а не на земја.
14. При орален секс невкусно е да ја туркате главата на партнерката на сила, а кога станува збор за ејакулација во уста, треба да добиете согласност од неа.
15. Невкусно е и да не сакате да ѝ го возвратите задоволството на партнерката со која сте имале орален секс.
извор: убаина и здравје