Некои од нас го планираат животот до најмал детаљ. Други се водат по интуиција и често преземаат ризици. Дури и во љубовта.
Без разлика кој е вашиот животен стил и начин на кој се справувате со предизвиците во животот и љубовта, без разлика дали сте личност која скокнува во љубовна врска со двете нозе или внимателно ги анализира сите аспекти пред да рече „да“, има неколку работи кои никогаш не треба да ги направите во име на љубовта.
Колку и да сте заљубени, мора да поставите јасна граница што нема да ја преминете ниту за љубовта на вашиот живот. Некои работи треба да бидат „надвор од границите“ затоа што тие се основа на вашето битие, и ако не се грижите, ќе ги губите важните делчиња едно по едно, сè додека сè не исчезне.
Точно е дека луѓето се менуваат во врската, но мора да има јасни ограничувања. Психолозите ги наведуваат овие 5 работи за кои нема компромис и кои не смеете да ги менувате дури ни за љубов.
Не менувајте се
Која е целта некој да биде заљубен во вас, ако таа љубов е насочена кон личност која не е вистинското „вие“. Секако, нормално е да се обидеме да бидеме најдобрата верзија на себеси заради саканата личност, но ако се промениме за да импресионираме некого, тогаш сме на погрешен пат.
На крајот, не вреди да се трудите толку за „фолирање“. Не менувајте се заради друг, но не менувајте се и за да уживате во љубовта што сте ја „заработиле“ на вистински начин.
Не се откажувајте од своите соништа
Нашите соништа се она што сме ние и никогаш не смеете да се откажувате од нив. На крајот на краиштата, вистинската љубов ќе ве поддржи во остварувањето на вашите цели и никогаш нема да ве замоли да ги жртвувате.
Не ги заборавајте пријателите и роднините
Лесно е да ги занемарите вашите најблиски кога сте во „екот“ на врската, па дури и да прекинете контакт со нив. Ако љубовта е вистинска, тогаш вашиот партнер ќе сфати дека тој не е единствената важна личност во вашиот живот.
И, ако случајно сте во врска каде што другата личност се обидува да ве контролира и ограничува времето што го поминувате со семејството и пријателите, време е да раскинете. Работата е едноставна, кој ве сака ќе ги поддржува и другите ваши блиски луѓе.
Не дозволувајте да бидете искористувани
Обично започнува прилично невино – некого сакате толку многу што сакате постојано да биде задоволен и сѐ да му биде удоволено. И некаде попатно, почнувате да се губите себе си во тој процес.
Секогаш имајте на ум дека со партнерот треба да бидете тим. Еднаквите партнери не ја бараат вашата послушност во замена за љубов. Еднаквите партнери сакаат да дадат онолку колку што добиваат.
Не ги повредувајте другите
Никогаш немојте да бидете третата личност, дури ни за љубов. И кога мислите дека сте заљубени, не сакате да бидете во позиција да треба да ја украдете таа љубов од некого.
И, ако некој навистина ве сака, никогаш нема да ве доведе во таква ситуација. Единствената цена на љубовта треба да биде… љубов.
извор: кајгана