Сексуалната терапевтка Леа Шрегер има пет совети кои можат да им помогнат на мажите да ја задоволат нивната партнерка во кревет. Таа откри и кои се најчестите машки грешки поради кои жените се незадоволни во сексуалниот живот.
„Многу мажи забораваат дека треба да бидат нежни кон партнерката. Тие сексот го сфаќаат само како нешто што треба да го „одработат“. Ако сакаат да ја одржат врската потребно е многу повеќе од тоа. Важно е да покажат дека им е грижа за партнерката, да внимаваат на неа и да мислат и на нејзините потреби“, вели таа.
Додава дека нејзините желби треба да им бидат приоритет, но исто така треба да бидат искрени.
„Разговорот и комуникацијата се клучни за добар секс“, вели таа.
Откри пет трикови со кои сексот може да стане подобар:
– Исклучете се од телефонот, лаптоп компјутерот, телевизорот, од сè што ви смета вам или на партнерот.
– Давајте комплименти, пофалете го нејзиниот изглед, дадете до знаење дека сексуално ви е привлечна. Отворено кажете и дека сакате секој ден да имате секс со неа.
– Не се плашите од секс играчки, го подобруваат сексот. Може подобро да се запознаете пробувајќи различни работи. Новото искуство сако ќе придонесе врската да зацврсти.
– Променете ја рутината, најважно е да не бидете вовлечени во навиките. Изненадете ја со мали подароци, долга предигра, секс игра, масажа. Секоја игра може да биде забавна.
– Ако нешто ви смета, отворено кажете. Обидете се да ја вратите интимноста и оставете работите понатаму да се развиваат.
извор: кајгана