Често се јавува проблем кога едниот од партнерите сака повеќе секс, додека другиот повеќе сака да прави некои други активности.
Во долготрајните хетеросексуални врски, жените обично сакаат да се чувствуваат емотивно поврзани пред да одлучат да имаат секс, додека мажите таа емотивна врска ја имаат по сексуалниот однос.
Се разбира, ситуацијата може да биде и обратна. Во секој случај, тоа создава чувство на отфрлање, фрустрација и незадоволство кај двајцата партнери. Еве што да направите ако тоа се случи…
Планирајте ги сексуалните средби
Да, ставете го сексот во вашиот календар. Можеби не звучи „секси“ или „спонтано“, но треба да го одредите времето кога сте целосно слободни и неоптоварени.
Не мора нужно да очекувате секс, само создадете прозорец на можности за да се случи секс. Сексот започнува во мозокот. Затоа, обидете се секси однесувањето да биде редовно на вашиот календар. Што правите со тоа време целосно зависи од вас двајца, но забавувајте се. Можете да се галите, орално да се задоволувате, да си раскажувате секс фантазии…
Сексот е на прво место, храната на второ
Ако имате закажано романтичен состанок, имајте секс пред вечерата. Никој не сака да има секс кога е подуен, има гасови и е уморен. Ова често доведува до чувство на разочарување кога ноќта не оди според планираното.
Идентификувајте ги вашите пречки и што ве возбудува
Откријте што ве кочи и што ве возбудува. Треба да ги елиминирате работите кои ве погодуваат, а да ги засилите оние кои ве „палат“.
Волја и расположение
Направете навика да бидете подготвени да се вклучите во активности кои ќе предизвикаат возбуда. Смислете неколку идеи кои ќе ве расположат. Ова ќе помогне да се одржи врската помеѓу вас и вашиот партнер. Кога паровите се чувствуваат поврзани, имаат поголемо задоволство во врската. Доколку се чувствувате задоволни во вашата врска, бидете подготвени да се вклучите во работи кои ќе ја поттикнат возбудата која ќе доведе до желба. Овие работи можат да бидат психички или физички.
Танцувањето е одличен начин да се предизвика возбуда, па затоа вежбајте заедно, пробувајте нови работи.
Фокусирајте се на предиграта
Предиграта е од суштинско значење за двајцата партнери. Не ограничувајте ја предиграта со неколку минути до секс. На жените често им требаат 20-45 минути за да го достигнат врвот на возбудата, поради што не треба да се занемари предиграта.
Вашата имагинација е единствената граница овде. Оставајте му романтични писменца, праќајте секси СМС пораки во текот на денот, преземете иницијатива и потрудете се партнерот да се чувствува посебно.
извор: кајгана.мк