Сексуалниот однос не е сцена од филмовите за возрасни и нема речиси никаква поврзаност со нив.
Но, сепак некои од мажите „имитираат“ фрази и движења од филмовите за возрасни, а тоа може да предизвика непријатност и одбивност кај жените.
1. Забрзанo движење на колковите
Доколку мажот нагло ги мрда колковите при пенетрација и со голема брзина, веројатно нема многу искуство во спалната соба, тврди Клари Квана коавторка на книгата „Moregasm: Babeland’s Guide to Mind-Blowing Sex“.
„Можеби брза поради тоа што мисли дека ќе ја изгуби ерекцијата или пак пребрзо ќе доживее оргазам. Секако се препорачува побавен ритам кој на жената ќе ѝ овозможи оргазам“, додава сексологот.
2. Избегнување на клиторисот
Некои од мажите го избегнуваат клиторисот во текот на сексуалниот однос, а жената треба да му открие какви допири најмногу ѝ одговараат.
3. Фалење со големината на пенисот
„На жената нема да ѝ се допаѓа партнер кој во текот на сексуалниот однос изјавува дека има голем пенис и очекува таа да го потврди тоа. Таквите мажи се арогантни или пак едноставно го компензира недостатокот на самодоверба со тоа“, вели сексологот.
4. Инсистирање на оргазам
„Некои од жените не можат да постигнат оргазам секојпат кога имаат сексуален однос. Иако оваа цел е важна, погрешно е да ја притискаат партнерката, а посебно лошо ќе биде прифатено доколку праша зошто сè уште не постигнала оргазам?“, вели сексологот.
5. Посегнување по мобилниот телефон веднаш по оргазмот
„Некогаш жените се жалеа на тоа дека мажите веднаш по оргазмот се вртат на другата страна и заспиваат, но во денешно време има повеќе жени кои се жалат на мажи кои по оргазмот посегнуваат по мобилниот телефон“, вели сексологот.
Извор: точка.мк