Некои мажи се плашат од врзување, долги врски и брак. Следниве знаци би требало да ви го вклучат алармот дека сте во врска со ваков маж.
Сите врски му биле кратки
Неговата листа на врски е предолга, а сите биле кратки. Секогаш има подготвен одговор на прашањето зошто тоа било така, од типот „Не сум ја нашол вистинската”, „Не сум бил подготвен да се смирам”, „Немав многу време” и слични изговори.
Сè му здосадува брзо
Кога ќе ве освои, повеќе не сте му интересни, чувствувате дека се оддалечува без причина. Причината за тоа е дека сè во животот, па така и врските му здосадуваат брзо.
Сака врска на далечина
Ваквите типови на мажи не сакаат блискост, која за нив претставува закана. Исто така, за нив е карактеристично што се гледаат со партнерки кои живеат далеку, бидејќи така имаат поголема слобода и не сакаат да се врзат.
Не ве цени и превртлив е
Ваквиот тип на мажи сакаат да одлучуваат и секогаш го планираат вашето заедничко време и ве принудуваат да се прилагодувате. Исто така, често го менуваат расположението, па еден ден ве обожуваат, а наредните денови не се јавуваат на тлефон, не одговараат на пораки и доколку одговорат – прилично се ладни. Кога ќе ви се јави, има спремен изговор и извинување дека не се јавил поради обврски на работа.
Избегнува разговор за врската и ви набива чувство на вина
Секогаш пробува да се извлече од разговор за вашата врска и ја менува темата или ја врти на шега. Ваквите мажи често ќе ви набиваат чувство на вина, кога нема да го задоволите тоа што е невозможно. Во нормални врски ова не се прави, а имајте на ум дека вие не сте виновни.
извор: попара.мк