Нема родител кој не рекол дека има некои работи кои посакува некој да му ги кажел пред да има деца. Тоа важи и за мајките, и за татковците.
Има многу работи за кои се прашувате дали се „нормални“, дали им се случуваат и на другите деца, и на другите родители.
Ова е листа на 10 работи што треба да ги знаете пред да станете родители. Само храбро, за секој стрес има (најмалку) една скапоцена насмевка што е повредна од сѐ друго.
- Веднаш почнете да се грижите за вашето здравје и не се ставајте себе си на последно место, за да не ви биде потешко подоцна.
- Претераното потење по породувањето е нешто што нема да ве заобиколи.
- Секое бебе е различно. Немојте да правите драми за секое хранење, преоблекување, бањање.
- Не се плашете и срамите да побарате помош или да ја прифатите ако некој ви ја нуди, од домашни обврски до нега за бебето.
- Ќе има денови кога самиот факт дека детето ви е живо и здраво ќе ви биде доволен.
- Одмарајте се кога бебето спие. И вашиот сон и одмор се важни, како и вашето ментално здравје.
- Немојте да дозволите некој да ви кажува дека правите нешто погрешно во начинот на кој се грижите за вашето дете. Секое бебе е различно, а вашиот однос со него е уникатен. Верувајте им на своите инстинкти!
- Родителството воопшто не е лесно и никогаш нема да бидете доволно подготвени. Првите неколку недели ќе бидете психички исцрпени и подгответе се за тоа.
- Не го споредувајте вашето бебе со тоа што го прават другите бебиња на негова возраст.
- Животот со партнерот откако ќе се роди бебето е сосема поинаков. Некое време нема да заспивате, да се будите, да јадете заедно.
- Некогаш нема да имате време ни за разговор што не е поврзан со бебето. Но, време за прегратка и бакнеж секогаш (треба да) има.
извор: кајгана.мк