Љубов и Секс

Како да ги избегнете расправиите за пари во врската?

Како да ги избегнете расправиите за пари во врската?

Во секоја врска има расправии и спротивставени мислења, а една од најчестите причини за караници се парите.

Овие расправии може да бидат различни, а понекогаш знаат да бидат многу непријатни и да траат со денови.

Не претерувајте

Пробајте да ги избегнете ситуациите во кои на партнерот ќе му кажете „никогаш не си го направил ова“ или „секогаш го правиш тоа“. Ако ги употребувате овие реченици ќе се расправате уште повеќе. Со овие расправии ги заборавате вистинските проблеми и станувате премногу емотивни, па на тој начин изговарате реченици за кои ќе зажалите. Размислете.

Компромисот е неопходен

Секој од вас има причини зошто е со тој партнер. Не дозволувајте да се расправате за пари и да ја уништите љубовта. Обидете се да најдете компромис.

Разговарајте за буџетот

Барем еднаш месечно разговарајте за буџетот со кој располагате. Кажете му на партнерот што треба да купите или платите. Заедно направите пресметки и држете се до нив.

Долгови

Доколку се расправате со долгови, обидете се да ги решите заедно. Не е лоша опција да имате иста сметка, но доколку не сакате, треба да бидете во тек со финансиската состојба на партнерот.

извор: кајгана

To top