Истражувањето покажало дека Грците се најдобрите љубовници, а во продолжение прочитајте зошто.
Грците се најдобрите љубовници, а епитетот врвни заводници и љубовници го должат на медитеранската исхрана, покажало едно истражување.
Тие се „шампиони“ и кога станува збор за сексуалните навики, дури 87 отсто од возрасните барем еднаш неделно водат љубов, што е повеќе отколку во било која друга земја.
Поттикната од ова сознание, експертката за секс Јасмин Хариша се обидела да открие поединечни работи за интимниот живот во другите држави, односно колку луѓето се склони кој менувањето партнери.
Жените од Нов Зеланд немаат конкуренција
Кога станува збор за понежниот пол, Нов Зеланд е без конкуренција. Во таа земја жените водат страстен емотивен живот и уживаат во богатиот и разновиден секс. Во прилог на тоа зборува и податокот дека во текот на животот во просек менуваат по 20,4 сексуални партнери.
Светскиот рекорд во машка конкуренција го држат Австријците. Повеќе истражувања откриле дека најголем број партнерки имаат токму мажите од Австрија, што во просек тој изнесува 29,3.
извор: Кармин.точка.мк