Дами, пред да одлучите да се впуштите во романса, обрнете внимание на ова однесување на идниот партнер.
Ако посакувате маж кој ќе ги оствари сите ваши желби и фантазии, а и понатаму сте на пат кон оној кој селосно ќе ве разоружа, време е да обрнете внимание на овие хороскопски знаци, препорачуваат астролозите.
На првиот состанок сè може да делува идилично и ветувачки, но вашето срце може да биде скршено после неколку месеци врска, ако изберете партнер кој е роден во овој период.
Јарец
Тие можат да бидат многу мажествени, маркантни, посветени на работата и иднината, а среде најголемата љубов може да ве остават под изговор дека не се вклопувате во нивниот начин на живот и планови за иднината. Баш кога најмалку очекувате, тоа може да се случи.
Лав
Нивниот темперамент, вродена доминантност и улога на лидер, може да биде кобна кога станува збор за љубовните односи, а често се случува партнерот роден во овој знак, своите приоритети да ги стави пред романсата. Заминувањето во странство, деловна прилика и возбудлива врска можат да го оддалечат од вас.
Близнаци
И покрај својата неодлучност, сомнеж и сокриени емоции, може да ви биде нејасно дали неговите чувства се вистински, а кога ќе сфатат дека длабоко се вовлечени во сериозна врска, веридба и можни брачни завети, близнаците можат да се откажат пред важен датум.
Стрелец
Великодушни, галантни, заводливи, така ги опишуваат многу дами, а склони се кон прељуба, флертување, тајни и никогаш не можете да бидете сигурни дали сакаат да имаат искрен и отворен однос со вас. Пред да стапите во врска со Стрелец, направете конкретен разговор.
извор: кармин.точка.мк