Љубов и Секс

Дознајте дали сте таа „вистинската“: Еве како изгледа совршена дама во очите на мажите

Дознајте дали сте таа „вистинската“: Еве како изгледа совршена дама во очите на мажите

Иако погрешно е да ги генерализираме љубовните односи, овие особини сигурно ќе ви помогнат во тоа.

Многу припадници на посилниот пол знаат точно што бараат од својата партнерка и што треба таа да поседува. Иако е тешко да се најде совршена личност, на мажите ќе им бидете поинтересни доколку ги поседувате следните работи:

Самодоверба

Мажите сакаат жена која што има став и свое мислење. Колку и да ви изгледа дека еден маж сака целосна доминација во врската, сепак нема ништо поздодевно доколку една жена целосно и секогаш ги погазува своите зборови.

Смисла за хумор

Оваа ставка дефинитивно е една од пресудните. Заедничката смисла за хумор ја одржува врската стабилна и цврста.

Почитување на приватност

Одолејте на желбата да му ги прегледате пораките во мобилниот телефон и немојте да го спречувате да се дружи со своите пријатели и без вас. Дозволете му и нему и себеси да си имате слободно време во кое што ќе правите работи кои што вообичаено не ги правите заедно.

Интересна личност

Не нужно поради него, туку поради себе. Започнете некакво хоби, занимавајте се со спорт или пак со било каква физичка активност. Не постои ништо попривлечно од интелигентна жена која што добро се снаоѓа во секаков разговор.

Таинственост и непредвидливост

Не дозволувајте му на никој да ве чита како отворена книга. Изненадете го со нешто кое што никогаш не би го очекувал од вас, покажете му ги вештините кои што ги поседувате, а кои што претходно не сте му ги откриле.

Цврст карактер

Немојте никогаш да се претворате во тоа што не сте. Покажете го вашето вистинско лице затоа што на никој не му е пријатно во одреден момент да сфати дека бил со „глумец“ во врска.

Насмевка

Последно, но не помалку важно. Дури и неколку минути насмевка може да го подобри расположението и кај двајцата.

Извор: кармин.точка.мк

To top