Некогашната македонска водителка и инфлуенсерка Миа Костова постојано е активна на социјалните мрежи и отворена за нејзините следбеници.
Покрај тоа што редовно рекламира, препорачува разни модни брендови, козметички производи од нејзините соработници, Миа често со нејзините пријатели на „Инстаграм“ знае да сподели и приватен момент, свој став и без влакна на јазикот да го каже своето мислење, но и да разговара на одредена тема, да даде совети.
Овој пат, Костова имаше убав повод за славење и тоа јубилеј. Имено, нејзината мајка госпоѓа Оливера славеше роденден.
По тој повод, Миа се огласи на „Инстаграм“ и со емотивна порака и честиташе роденден.
Таа објави фотографија од нејзината мајка како ја држи во рака Миа кога била бебе, а во описот напиша:
-Среќен јубилеен мајко моја. Посакувам да си тука барем уште толку. Те сакам“.
На другата пак фотографија, госпоѓа Оливера позира покрај роденденска торта и цвеќе, насмеана и расположена:
-Среќен 40ти мамо. И плус 20 од карти. Да си ми жива и здрава и вака насмеана секогаш. Ти што ќе родиш, тоа е. Те сака првото чедо, напиша таа.
Инаку, мајката на Костова наполни 60 години и во седмата деценија изгледа позгодно кога и да било.
Среќен роденден!