Без разлика дали се забавувате со партнерот шест месеци или сте во брак со години, љубовната врска треба да се заснова на взаемна посветеност, почит и напорна работа.
Меѓутоа, поради брзиот живот и многуте обврски, многумина забораваат пред се на себе, а потоа на своите најблиски, па запаѓаат во рутина која воопшто не влијае добро на врските.
Бидејќи ниедна врска не е совршена, не треба да се стремите кон совршенство, туку одвреме-навреме потсетувајте се себеси и вашата сакана на ситници, посветете се еден на друг и подобрете ја вашата емотивна врска.
Еве само неколку примери за тоа како можете да го направите ова:
1. Разговарајте за нови теми
Комуникацијата е клучот за добра и долготрајна врска, но понекогаш се разговара за исти теми и се забораваат секојдневните прашања како на пример како го поминале денот и слично.
Потрудете се малку и прашајте ја саканата личност за денот зад вас или најдете нови заеднички теми и разговарајте за нив.
2. Одвојте време за себе
И покрај зафатените распореди, брзиот живот и многуте обврски, обидете се да најдете време за себе. Заедно определете еден ден кога ќе ги исклучите телефоните и ќе бидете упатени само еден кон друг.
Ова не мора да значи патување, скапи вечери или одење во бањи, но може да биде сосема обична вечер и гледање филм заедно со пуканки.
3. Покажете благодарност
Добрата работа за функционалните врски е што секогаш можете да се потпрете еден на друг. Меѓутоа, во целиот процес поединците понекогаш ги земаат здраво за готово таквите работи.
За волја на вистината, ниту еден партнер не е должен секогаш да точи гориво, да си купува омилен сладолед или да се грижи дали сметките се платени – тоа е само негов или нејзин избор. Затоа, никогаш не заборавајте да ги цените таквите работи и секогаш да се заблагодарувате.
4. Координирајте ги обврските
Иако секој од вас треба да има свои обврски, хоби, интереси, пријатели…, не е полошо одвреме-навреме да се консултирате со партнерот за усогласување на обврските.
Така ќе имате повеќе време еден за друг и нема да се гледате само на минување.
извор: Курир.мк