Жените родени во овие хороскопски знаци важат за најголеми заводнички, пишува Your Tango.
1. Овен – заводничка од соништата
Способна е да ги искористи животните фантазии на другите луѓе и да се адаптира. Што и да сака некој потајно од неа – без разлика дали станува збор за романтика, авантура или духовна поврзаност, таа може да го реализира тоа.
2. Бик – сензуална заводничка
Биковите се многу сензуални и знаат да ги употребат сите сетила за да задоволат некого. Тие прават со нив да се чувствувате разгалено и згрижено.
3. Близнаци – интригантна заводничка
Маѓепсува со способноста да разговара на која било тема, се поврзува со луѓето на подлабоко ниво и разговара на таков начин што се чувствувате сослушани и разберени. Фасцинантна е и никогаш не и недостигаат теми за разговор.
4. Рак – грижлива заводничка
За заведување користи љубов и грижа. Можеби не звучи толку секси, но кога некому ќе му се посвети, тоа е силно. Користи работи како музика, природни убавини и удобности за да заведе.
5. Лав – харизматична заводничка
Со голема самодоверба, сексуална енергија и шарм, воопшто не чуди што Лавовите привлекуваат. Знаат што да кажат за да заведат, а своите вештини ги користат за да откријат што е во сржта на битието и да дознаат што всушност сакаат. Даваат најсовршени подароци. Оваа харизматична заводничка е софистицирана и никогаш не е груба или индискретна.
извор: Кајгана