Понекогаш е тешко да се направи разлика помеѓу егоцентричност и нарцизам, но кога некој има нарцисоидно нарушување тоа е повеќе од потребата да биде во центарот на вниманието. Таквите луѓе може да бидат деструктивни и токсично да делуваат на најблиските, особено на партнерот.
Љубовта со нарцис почнува забавно, возбудливо и лудо, но како што минува времето така се открива вистинското лице. Важно е да се знаат клучните знаци од нарцисоидното нарушување на личноста пред да дозволите негативно да влијае на вашиот живот.
Еве што го разоткрива нарцисот во врската или бракот, според тим психијатари од клиниката за рехабилитација Деламер:
1. Им недостига емпатија
Еден од вообичаените симптоми на нарцистичко нарушување е недостатокот на емпатија или неспособност да разберат како другиот се чувствува. Нарцисот е премногу егоцентричен за да ги разбере и доживее емоциите на другите. во врската нарцисот несвесно зборува и прави лоши работи бидејќи не ги разбира чувствата на другите.
2. Манипулираат
Манипулацијата е главен знак дека сте во врска со нарцис. Тоа најчесто се манифестира така што постојано ви наметнува чувство на вина, ве критикува, ограничува, прави да се чувствувате лошо и незадоволно со себеси.
Ако вашиот партнер постојано се обидува да ве контролира, тоа алармира дека си имате работа со нарцис.
3. Префрлање на чувството на вина
Една од најчестите емоционални манипулации на нарцисот е кога ќе каже или направи нешто навредливо, а потоа ќе одрече дека тоа се случило. Често користат одредени фази за да ги обезвреднат вашите чувства. Нарцисите ќе ве натераат да се сомневате во вашите сеќавања, ќе одрекнат одговорност и ќе ве обвинат вас.
4. Ја влошуваат вашата самодоверба
Мразат да се чувствуваат слаби и се стремат да бидат надмоќни во однос на својата жртва. Со различни шеги и коментари ќе се обидат да ја загрозат вашата самодоверба. Крајната цел е да се обидат да ја намалат вашата самопочит за да можат да ја зголемат нивната, поради тоа се чувствуваат посилно и сакаат да имаат чувство на авторитет.
извор: Кајгана