Како да освоите квалитетен маж и истовремено да го врзете за себе? Експертите тврдат дека тајната лежи само во една работа!
Иако мажите често не зборуваат за своите чувства и потреби, има едно нешто што им е многу важно, а често и неопходно, за да постигнат квалитетна емотивна врска, односно посветеност и „привразност“ во врската.
– На мажите, особено оние кои имаат проблеми со емоционална интимност, им треба слобода – тврдат експерти за брачни и љубовни врски.
Слободата има многу различни дефиниции, но тука не станува збор за слободно однесување во сексот, ниту за деновите кои партнерот повеќе би сакал да ги поминува сам, да излегува со пријателите и да си го организира времето како што му одговара.
Експертите за емотивни врски тврдат дека скоро секој маж бара жена која ќе му даде доволно слобода за да може да се посвети на своите цели во животот, без разлика дали станува збор за специфичен начин на живот или планови за во иднина. Исто така, желбите можат да бидат поврзани со здравјето, духовноста, кариерата или образованието.
За да може да се чувствува исполнет во врската, тој мора јасно да види како партнерката му помага и го поддржува во неговата животна мисија. Тој мора да чувствува дека нема мотиви од страна на неговата избраничка што може да го саботира неговиот „раст“.
Ако забележи дека партнерката го одвлекува од целта или претставува закана за него, одбивноста била или емотивна или физичка. Во случај да види сојузник во девојката која ќе му помогне да постигне успех во неговата мисија и напредок во животот, тој ќе сака да ја привлекува и да остане со неа до крајот на животот. Со други зборови, мажот сака да биде со некоја што го прави слободен за да може да биде потполно свој, но и да стане најдобрата верзија за себе.
извор: попара.мк