Иако ги поврзува ист сексуален нагон и страст, надвор од креветот тие се „небо и земја“.
Некои од хороскопските парови едноставно не можат да имаат ништо повеќе од секс за една вечер поради тоа што освен што се компатибилни во кревет, ништо друго немаат заедничко. Еве за кои хороскопски парови станува збор.
Лав и Овен
Овните сакаат да пробаат нови работи, а страсните Лавови се отворени за сè, што ги прави совршени, но само во кревет. Надвор од него и двата знаци се напорни и сакаат да ги контролираат партнерите.
Водолија и Риби
Овие два знаци се толку слични што поради тоа никако не функционираат во љубовна врска, но сепак сексот им е прекрасен, па најдобар совет е доколку меѓу нив постои привлечност да останат само пријатели.
Рак и Бик
Кога овие двајца знаци спијат заедно, тоа не е секс туку најнежното водење љубов. Но, баш поради тоа што и двајцата се емотивни, љубовната врска меѓу Ракот и Бикот најчесто завршува по првата кавга, односно обострани солзи.
Стрелец и Риби
Сексот меѓу овие двајца знаци е најексплозивен и прекрасен, но надвор од кревет им следи вистинска катастрофа.
извор: кармин.точка.мк