Љубов и Секс

Омилената секс поза открива каква ви е врската

Омилената секс поза открива каква ви е врската

Начинот на кој парот води љубов открива многу за нивната врска или брак.

Позата во која партнерите лежат на страна, така што мажот е позади жената, вели дека тие се опуштени и посветени еден на друг. Паровите кои ја сакаат мисионерската поза се заедно долго време и речиси си ги завршуваат речениците. Нивниот брак е стабилен, но понекогаш запаѓаат во рутина. Сепак, не им пречи, се чувствуваат удобно и сигурно во таква врска. Љубовта што ја чувствуваат се продлабочува со текот на годините. Сепак, малку разновидност во спалната соба нема да им наштети, тврди американскиот експерт за односи и секс Ники Рансом-Алфред.

Поза во која жената е горе

Позата во која е жената е горе е знак дека парот знае да се забавува. Полни се со самодоверба, сакаат да експериментираат и да ја истражуваат сопствената сексуалност.

Нивната врска се базира на компромис и доверба, и секој од партнерите работи подеднакво напорно за да го реши проблемот, тврди основачката на порталот за љубов и романтика My Secret Luxury, Стејси Рибчин.

Doggy style

Паровите кои уживаат во doggy style имаат забавна врска полна со авантуристички моменти. Тие се искрени и отворени во сексот, но и во сите области од животот.

Таквите партнери се сигурни во својата сексуалност и не се срамат од своето тело, поради што можат да уживаат максимално во врската. Не им се непознати жешките игри со кои се обидуваат да го зачинат својот сексуален живот.

Лажици

Позицијата во која партнерите лежат на страна, при што мажот е позади жената, е поза која овозможува посебна интимност.

Паровите кои уживаат во положбата „лажици“ се грижливи и посветени, а најмногу копнеат за постојан физички и емоционален контакт. Тие многу добро се разбираат, особено во областа на чувствата. Под туш, во автомобил или на кујнска маса, секој слободен момент го користат за секс. Нивната врска е динамична, страсна и пред сѐ спонтана. Таа страст ги носи толку далеку што понекогаш не можат да ги тргнат рацете еден од друг.

извор: Кајгана

To top