Кога ќе се спомне неверство, многумина прво помислуваат на некаква сексуална афера. Но, дури и доколку нема компоненти за тоа, можно е партнерот да изврши емоционално неверство кое што некогаш знае да биде и многу полошо.
Едно е сигурно, емоционалното неверство ќе остави трага на вашата љубовна врска, а сигурно ќе почувствувате ладен однос од вашиот партнер.
Ова се знаците:
1. Неговата посебна пријателка секогаш е поважна од вас
Доколку постои таа друга личност во животот на вашиот партнер околу која што секогаш се врти, ситуацијата веројатно никогаш нема да се поправи. Вашиот партнер посветува повеќе внимание и изгледа дека таа друга личност му е поважна од вас.
2. Не ги менува плановите поради вас
Доколку претходно вашиот партнер ја користел секоја можност да бидете заедно, а сега никако не сака да го откаже дружењето со пријателите за да ја помине вечерта со вас, тогаш имате сериозен проблем.
3. Одеднаш е опседнат со социјалните мрежи
Доколку досега социјалните мрежи и технологијата не го интересирале, а сега никако не сака да се откаже од нив, тогаш навистина имате проблем.
4. Нема шанси да ви го даде неговиот паметен телефон
Не само што сака да го поминува времето на неговиот паметен телефон, туку прави сè за да ви го отргне погледот од него. Доколку вашиот партнер реагира чудно кога ќе се приближите до неговиот телефон тогаш нешто крие од вас.
5. Одеднаш работи повеќе од вообичаеното
Доколку отсекогаш тврдел дека работата трае осум часа и ниту минута повеќе, а сега одеднаш на работното место останува подолго, тогаш треба да се сомневате во неговата верност.
6. Повеќе не ви зборува за неговите чувства
Тогаш можно е со некој друг да го споделува тоа. Можно е повеќе да не сака да ви искажува љубов…
7. Кога и да спомнете неверство, ве убедува дека сте луди
Кога и да спомнете одредена личност, вашиот партнер зазема напаѓачки став. Во некои случаи ве критикува и обвинува дека сте луди.
8. Поради партнерот се сомневате во себе
Критиките кои што ви ги упатува можат да резултираат со пад на вашата самодоверба.
9. Ги откажува плановите со вас за да биде со некој друг
Додека вие ја чекате таа вечера со него и тој тоа добро го знае, вашиот партнер одеднаш откажува сè затоа што има планови со некој друг.
10. Кога е со вас може да го вознемири и најмала ситница
Дури и некој безначаен разговор може да заврши со караница.
извор: кармин.точка.мк