Додека во неколку наврати пишувавме за тоа што не треба никако да се разговара на првиот состанок и кои прашања треба строго да ги избегнувате, овој пат ви споделуваме кои прашања ите како треба да ги поставите на првиот ссотанок.
Можеби ќе помислите дека го имате целото време пред себе за да се запознаете подобро, но ако некој не ви одговара уште од самиот старт лесно можете да препознаете со помош на овие јасни прашања чисто да не губите време на него.
Кои квалитети ги цениш кај личноста со која сакаш врска?
Ако личноста со која сте на состанок тврди дека од својот партнер очекува да биде позитивен, активен, вреден, трпелив, внимателен, љубезен, и сл.. ќе ви биде јасно дали се вклопувате во неговата визија на идеалниот однос. Секако никој не може да ги исполни сите услови но ако абсолутно не можете да се пронајдете себеси на листата тогаш тоа е јасен знак во кој правец треба да одите.
Како изгледа твојата работна недела? А викендот?
Одговорот на ова прашање ќе ви даде јасна претстава околу тоа дали предметот на вашиот интерес е активна или пасивна личност. Дали сака излегувања, или повеќе сака ноќите да ги поминува во својот дом, гледајќи пренос на фудбал на тв?
Какво е твоето семејство?
Ставот околу односите во семејството е доста важен. Ако личноста со која сте на состанок има позитивно мислење за своите членови на семејството, значи дека веројатно и вие ќе се снајдете во нивна близина. Лошите односи и негативниот став наговестуваат проблеми уште од самиот старт.
Што за тебе претставува предизвик?
Во склоп на ова прашање може да биде додадено и прашањето „Што возбудливо си направил последно во твојот живот?“ Ова ќе ви даде јасна слика за тоа со каква личност имате работа. Ако вашиот потенцијален љубовник бега од предизвици и води мирен живот а вие имате авантуристички дух многу тешко дека ќе пронајдете златна средина.
Каков е твојот однос со твоите поранешни девојки?
Никој не сака да разговара за своите поранешни врски, тоа е сигурно. Но откривањето дали е во пријателски или непријателски односи може доста да ви користи. Нема да се изненадите кога бившата девојка додека шетате заедно низ град кога ќе го сретне ќе го прегрне и бакне а исто така ќе ви биде јасно ако одбие да се задржи на одредено место каде што ја видел својата бивша со нејзиното друштво, со која имал лоша разделба.
извор: Попара.мк