Доколку редовно ја пуштате вашата мачка надвор од домот, многу е веројатно дека таа веќе неколкупати го донела својот улов кога се враќа дома. Списанието „Натјурал комјуникејшнс“ (Natural Communications) открива зошто мачките го прават тоа.
Во куќата, мачките најчесто само спијат или си играат, но кога ќе се најдат в природа, тие целосно му се препуштаат на својот ловечки инстинкт. Мачките се многу способни, паметни и вешти грабливци. Имаат многу развиен ноќен вид и неверојатно брзи и умешни движења…
Ловот е вештина што ја учат од нивната мајка, која им носи мртви животни, а подоцна и полуживи за мачињата „да ја довршат работата“. Кога мачињата ќе пораснат, мајката ги зема со себе на лов. На овој начин мајката ги учи малечките да преживеат во дивината.
Набљудувајќи го ова, познавачите заклучиле дека мачките им го носат уловот на сопствениците за тие да се нахранат или да им се заблагодарат за грижата. Тој „подарок“ обично се мртви птици, глувци и други помали животни.