Љубов и Секс

Како да ја заведете жената што ви се допаѓа: Клучот за успех е во 2 работи што секој маж мора да ги научи

Како да ја заведете жената што ви се допаѓа: Клучот за успех е во 2 работи што секој маж мора да ги научи

Мажите често знаат да се повлечат пред предизвикот на заведување

Мажите се родени ловци, а психолозите тврдат дека флертувањето е најинтересната игра што тие сакаат да ја играат. Кога покажува интерес и започнува да си игра со дамата, мажот ги бара сите начини за да и се допадне што е можно поскоро.

Но, тој не е секогаш сигурен што „пали“ при заведување.

Иако мажите често се сметаат за „водачи на флертот“, повеќето од нив навистина не знаат како успешно да заведат жена.

– Мажите понекогаш се склони кон несмасни изјави како, на пример: „Ми недостасува моето плишано мече, сакаш ли да го замениш?“, кои не оставаат позитивен впечаток кај жените – вели авторката на книгата „Суперфлерт“, Трејси Кокс.

– Бидејќи флертувањето е првиот чекор во „ловот“ за нова партнерка, мажите мора да се подобрат во таа вештина. Имено, некои момчиња немаат самодоверба, па се повлекуваат и не испраќаат сигнали до девојките, поради што девојките остануваат незаинтересирани за нив. Овие типови жените ги нарекуваат „добри момчиња“, а ние знаеме како обично завршуваат.

Со флертување, покажувате интерес за жената, а за да бидете успешни, најважно е да знаете што „функционира“ при заведувањето.

– Важно со флертувањето да ја докажете вашата вредност, но и вредноста на девојката што ја заведувате. Научно е докажано дека животните флертуваат на свој начин со цел да го привлечат потенцијалниот партнер кога се подготвени, а истиот принцип важи и за луѓето – вели Кокс.

1. Природно однесување

Кога флертувате, најважно е да се однесувате природно.

– За да заведете некого, најважно е да започнете интимна напнатост, а флертувањето е најдобриот начин да се постигне тоа. Интимната напнатост може да се дефинира како „постоење на оние искри на привлечност што зрачат во воздухот од сите страни“.

Ако нема таква напнатост, шансите дека ќе ја заведете дамата што ви се допаѓа се минимални. Флертувањето ја зајакнува атракцијата и со тоа му давате до знаење на вашиот потенцијален партнер дека ви е привлечен, што може да ви помогне да ја постигнете целта – објаснува Кокс и додава дека клучот е во предизвикот сето тоа да биде што е можно поприродно.

2. Комуникација

Додава дека кога флертувате, најважно е како комуницирате.Имено, не е важно само што зборувате, туку и начинот на кој го кажувате.

– Важно е да обрнете внимание на говорот на вашето тело. Тој мора да му пренесе на потенцијалниот партнер порака дека ви се допаѓа. Важно е да се создаде интимна напнатост на забавен начин. Корисен трик за создавање на ваква атракција се игрите топло-ладно. Прво, уверете ја дамата дека ви се допаѓа. Опсипете ја со комплименти и внимание за да ја натерате да помисли дека сте луди по неа, а потоа „разладете ја“ малку. Со некој гест натерајте ја да помисли дека вие сте оладиле – истакнува Трејси.

Таа советува дека добар начин да се преправате дека сте „оладиле“ е да не одговарате веднаш на нејзината порака.

– Таквата постапка ќе ја збуни и ќе ја охрабри да започне и да се труди околу вас ако сака да ве задржи. Но запомнете, важно е да не претерувате, бидејќи може целосно да се разлади. Корисно е малку да ја „боцнете“ со незаинтересираност, но важно е да биде по изливот на чувства.

Додава дека, покрај тоа, многу девојки не знаат што навистина сакаат, а тоа може да биде голема предност за момчињата.

– Потрудете се повеќе околу девојката што ви се допаѓа, опсипете ја со внимание и има поголеми шанси да „падне“ на вас – советува Трејси.

извор: попара.мк

To top