Без добра комуникација, паровите често имаат секс кој е како по сценарио или се повторува, без да задоволува.
Ова се најчестите грешки во кревет, а многумина не се свесни дека ги прават.
1. Непријатно ви е да разговарате за секс
„Многу парови се срамат да разговараат за секс поради нивните сексуални склоности и потреби. Без добра комуникација, паровите често имаат предвидлив секс, кој не ги задоволува“, истакнува Алекс Чинкс, лиценциран клинички психолог и сексолог.
2. Мислите дека сексот без оргазам не е добар
„Понекогаш оргазмот не треба да биде крајна цел. Сексуалното задоволство се доживува низ создавање желба, експериментирање со различни видови допир, игри и уште многу работи. Насочувањето исклучиво на постигнување оргазам може да доведе до емоционална неповрзаност“, вели Мелоди Ли, семејна терапевтка и експерт за односи.
3. Ги правите само истите пози
Постои цел свет на различности кога станува збор за сексот, но многу парови се држат до истото сценарио.
Време е за промени.
„Мислам дека постои одредена анксиозност кај луѓето кои се обидуваат да му кажат на партнерот дека сакаат нешто поинакво во кревет, бидејќи тоа може да значи дека не се задоволни со моменталниот секс, што не е вистина“, вели Бетани Рикарди, експерт за секс.
„Наместо тоа, кажете дека сакате да пробате нешто ново, како нови места или пози. Почнете со нешто мало“, додава таа.
4. Се однесувате како партнерот да ви ги чита мислите
„Ова е исклучително важна работа за секоја жена бидејќи во нашата култура е срамота да се биде жена која се однесува во склад со нејзините сексуални желби. Ги охрабрувам партнерите да ги исфрлат од сексот претпоставките и да почнат да разговараат за нивните желби. Совршено е прифатливо да прашате што ве интересира и што сакате“, советува Мелоди Ли.
извор: кајгана