Љубовта е слепа, а кога сме заљубени не ги гледаме погрешните нешта кои нѝ се наоѓаат пред носот.
Најлошото се случува дури кога ќе дознаеме дека партнерот бил неверен или кога многу ќе нè повреди и тогаш сфаќаме дека сме заљубени во погрешна личност.
Она што често го игнорираме во една врска се малите знаци кои укажуваат дека нешто не е во ред, а во продолжение дознајте кои се тие:
Постојано барате време со партнерот
„Ќе ти се јавам подоцна“, „Денеска бев зафатен/а, ќе разговараме утре“, „Премногу сум уморен/уморна за зборување“ – ако сето ова ви звучи познато, запрашајте се дали сте со вистинската личност. Секако мора да земете предвид дека личноста која ја сакате не е секогаш слободна, но постои тенка линија која ја прави разликата. Ако вие сте тие кои постојано бараат нечие време, но без успех, сетете се дека и вие сте драгоцени, токму како и вашето време.
Недостаток на комуникација
Иако недостатокот на комуникација сам по себе е јасен знак, некои работи сепак укажуваат дека врската е на прагот на пропаст, а тоа започнува така што партнерот започнува да ве избегнува. Ако тој нема за што да зборува со вас, не се труди да комуницира, ниту го интересира каде сте и како сте, време е да сфатите дека можеби врската не се одвива онака како што сте замислувале.
Врската зависи од нивното расположение
Ако разговарате само кога тој/таа е расположен/а, голема е веројатноста дека вашата врска нема долго да трае. Работите на тој начин не можат долго да функционираат, дури ни тогаш кога сакате. Размислете двапати пред да ѝ се препуштите во целост на таквата личност.
Нивните постапки не одговараат на нивните зборови
Вашата поубава половина може да ве опсипува со најубавите зборови за тоа колку ве сака, но ако следниот ден вие ги преиспитувате тие зборови дали се вистинити, ја имате погрешната личност покрај вас. Ако забележите дека партнерот е добар само на зборови и сè што зборува не го покажува преку дела, би било добро навремено да ја преиспитате ситуацијата.
извор: точка.мк