Мажите сакаат брз и груб секс без никакви ограничувања? Да, можно е. Меѓутоа според анкетата на „LeAffair” значително се разликуваат желбите на мажите постари од 40 години и оние помладите. На што се палат средновечните?
Нежно, а не прљаво и грубо
Верувале или не, мажите постари од 40 години најмногу сакаат романтика во кревет. Бакнување и нежен секс со галење се наоѓаат на првото и второто место на нивните желби. На листата следат „нормален секс” (што и да значи ова), потоа секс со жена во секси долна облека и високи штикли, игри и секс во тројка. Снимање и фотографирање не им паѓа на памет.
А помладите?
Мажите во 20-тите и 30-тите години се поподготвени за експериментирање. Секси фотографии и видеа? Ова им е супер. Секс со повеќе личности им е во топ петте желби.
Истражувањата покажуваат дека мажите се сексуално најактивни и најможни помеѓу 20-тите и 30-тите години, меѓутоа тогаш се повеќе концентрирани на квантитет, а не на квалитет. Во средновечните 40-ти години највеќе се менува квалитетот на сексот. Потврдено е дека од 45 години, мажите но и жените имаат помалку секс, но сексот тогаш станува значително поквалитен.
извор: кајгана